Тумане - Поклоничко патување

Манастир Тумане

Србија
Времетраење

1 денови

Тип на тура

Групно патување

Група

40 особи

img

Опис

Цена на аранжманот: 1.800 мкд (со автобус)


Аранжманот вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Придружник за време на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Останати трошоци


Дополнителни информации:

Во манастирите се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.

Името на манастирот е поврзано со легендата, во која се кажува дека Милош Обилиќ ловел во густите шуми околу манастирот и дека ненамерно го ранил пустиникот Свети Зосим во лов. Носејќи го подвижникот до неговиот двор за да се обиде да му го спаси животот и да ја открие раната, на местото каде што сега се наоѓа манастирот, светителот молел да се спушти и му викал на Милош: „Ту мани“, што во превод би значело „Таму, пушти ме да умрам. За да го искупи својот грев, Милош започнал да гради манастир, но наскоро пристигнува порака од Светиот кнез Лазар да престане со изградбата на светилиштето со зборовите „Ту мани“, и да дојде на Косово. Така останува името Тумане. Манастирот Тумане за прв пат се споменува во пописот од 16 век, каде што е утврдена локацијата на манастирот во близина на селото Туман.

НАПОМЕНА ЗА РАСПОРЕД ЗА СЕДИШТЕ ВО АВТОБУС

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата, земајќи го во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата на 20 евра при уплата на аранжманот.


За реализација на ова патување потребно е минимум 40 патника.

За ова патување важат општите услови за патување на туристичката агенција АРБОТРАВЕЛ.

Агенда

1 ден

Состанок со групата пред Дрво Декор во вечерните часови и заминување кон Србија. Попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден

Во утринските часови пристигнување во манастирот Тумане. Пешачење до испосницата на Светиот Зосим, која се наоѓа на околу 1 км од манастирот, во старата и густа шума. Во карпата што доминира во целата област, има две пештери, поврзани со тесен премин. Во едната живеел, а во другата се молел преподобниот светител. Денес во молитвената ќелија на преподобниот направена е капела. Покрај пештерата има чудотворен извор, а зад него прекрасен шумски водопад.

Потоа се враќаме во манастирот, на поклонение на светите мошти . По Литургијата, разглед на манстирот и присуство на исцелителните групни молитви од страна на монаштвото.

Во попладневните часови тргнување, со попатна пауза за ручек. Продолжуваме кон Скопје со попатни паузи за царински формалности и освежување. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Детали

Датум на поаѓање

25 October, 2024

Датум на враќање

26 October, 2024

Информации

НАЈНОВО 25-26/10/2024

ПОЧИТУВАНИ,

АРБОТРАВЕЛ 25-26/10/2024 ОРГАНИЗИРА ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО МАНАСТИРОТ ТУМАНЕ.

МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ РЕЗЕРВИРАЈТЕ СИ ГО ВАШЕТО МЕСТО НА ВРЕМЕ.

ЦЕНА:1.800 ден

ПАТУВАМЕ СО ЛИЧНА КАРТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

За реализација на овој програм потребно е да има минимум од 45 патника.

Доколку нема доволен број на пријавени патници за реализација на програта, агенцијата може 2 дена пред реализација да ја откаже или да ја корегира цената во договор со сите патници

070570844; 072212134; 023109518

Цена

29.00 € / по особа

icon

Добијте ги последните новости и понуди

Претплатете се на нашиот билтен

Побарај понуда

Одбери особи

Возрасни

12+

1
Деца

2 - 12 години

0
Бебиња

Под 2 години

0

Ви благодариме на барањето за понуда од нас

Нашиот тим го доби вашето барање, ќе ве контактираме наскоро