Политика на приватност

1. ДОГОВОР ПОМЕЃУ КОРИСНИКОТ и Т.А. АРБОТРАВЕЛ

Со користење на овие web страници, односно услугите кои се наведени, Вие ги прифаќате условите, информациите и известувањата кои се објавени. Доколку не се согласувате со условите не ги користете овие страници.


2. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Т.А. Арботравел ја почитува Вашата приватност и работи според следните начела:

Напомнуваме кога ни се потребни Вашите лични податоци. Ги проследуваме податоците до трето лице давател на услугата која ја резервирате или ја плаќате преку Т.А. Арботравел. Исто така ги користиме Вашите лични податоци за обработка на Вашите барања во рамките на системот на резервации на Т.А. Арботравел и повремено да Ве известиме за новините кои се однесуваат на услугите на Т.А. Арботравел.

Заради точноста на Вашите податоци во моментот кога побарувате наша услуга или друга информација Ве молиме да не известите доколку дојде до промени во Вашите лични податоци или доколку погрешно се внесени.

Доколку забележите дека Т.А. Арботравел не постапува според овие начела или ако имате било каква друга забелешка на начинот на работење, известете не на office @ arbotravel.com заради итна корекција на евентуалните пропусти односно решавање на проблемот во што покус рок.


3. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЛИЧНО, НЕКОМЕРЦИЈАЛНО КОРИСТЕЊЕ

Овие web страници се наменети за корисниците за лична, некомерцијална употреба. Не е дозволено менување, копирање, дистрибуција, прикажување, објавување или на кој било друг начин пренесување и продавање на било која информација, услуга или производ кој е објавен на овие страници.


4. СОПСТВЕНОСТ НА СОДРЖИНИТЕ

Содржините на овие web страници се сопственост на Т.А. Арботравел, 1000 Скопје, бул. Партизански Одреди 21 A2/1 локал 6 , освен дел од фотографиите кои се користат во комерцијални цели, а на барање на авторот или сопственикот ќе бидат повлечени од страниците (доколку не се постигне друг договор).


5. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

Информациите на овие страници се сметаат за исправни во моментот на внесување, сите податоци редовно ќе се прегледуваат, а евентуалните грешки веднаш ќе се отстрануваат. Т.А. Арботравел го задржува правото да ги менува податоците на овие страници без посебно известување.


6. ЗАБРАНЕТО ИЛЕГАЛНО КОРИСТЕЊЕ

Со користењето на овие web страници се обврзувате добиените информации да не ги користите за забранети нелегални цели и дејствија.


7. ЛИНКОВИ НА СТРАНИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Овие страници можат да содржат “линкови” на страници на други фирми и лица. Тие линкови се само за Ваша информација, а Т.А. Арботравел не носи одговорност за точноста на информациите и содржината на тие страници.


8. ПРОМЕНА НА ОВИЕ И ДРУГИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ

T.A. A рботравел го задржува правото да ги менува условите за користење на web страниците и другите услови на работење. Промените не се однесуваат на веќе извршените и наплатени резервации.


9. КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА Т.А АРБОТРАВЕЛ НА ОВИЕ СТРАНИЦИ

Web страницата исклучиво има за цел да помогне на корисниците да се информираат за понудата на услуги преку описите и фотографиите, да се информираат за слободните термини, и да извршат резервација или уплата на бараните услуги. Ве известуваме дека за реализација на трансакциите преку нашите страници морате да бидете полнолетни, и дека ја прифаќате финансиската одговорност за трансакциите кои ги вршите Вие лично или малолетните лица кои се под Ваш надзор и можат да ги користат Вашите податоци, како и за вистинитоста и точноста на податоците кои ни ги давате за реализација на резервацијата или финансиската трансакција. Во случај на било каква злоупотреба на овие страници (внесување на лажни резервации или слично) ќе Ви биде оневозможен пристап на овие web страници.


10. ДОПОЛНИТЕЛНИ НАПОМЕНИ

Т.А. Арботравел ќе се труди да ја проверува точноста на податоците на овие страници и да ја проширува својата понуда. Трансакциите со кредитни картички во овој момент не се активни поради што препорачуваме печатење на формуларот за резервација со авторизиран потпис од носителот на кредитната картичка и испраќање на факс со фотокопија од кредитната картичка.

icon

Добијте ги последните новости и понуди

Претплатете се на нашиот билтен