За нас

За Арботравел

Т.А. “АРБОТРАВЕЛ” постои од 1991. Лиценцирана е со А лиценца од Министерството за Економија на Р. Македонија, исто така членка на ИАТА, на Асоцијацијата на Туристички Агенции на Македонија (АТАМ) и Стопанската Туристичка Комора на Македонија (СКТМ).

Во агенцијата се вработени 9 лица, специјализирани за организирање на туристички аранжмани, продажба на авиобилети, професионални возачи и туристички придружници. Нашите вработени зборуваат повеќе странски јазици: Англиски, Полски, Грчки. Имаме големо искуство во организирање на тури во Македонија, со специјализирани и лиценцирани туристички водичи, за групи од Азија, Европа и САД. Арботравел го стопанисува и туристичкото биро во Крушево со 2 вработени специјализирани лица. Арботравел од 1991 година е генерален застапник на американската фондација АСПЕКТ за школување во САД и истата ја застапуваме за Србија, Бугарија и Грција. Имаме успешна соработка со дипломатските мисии во Македонија, како и надвор од Македонија.


Арботравел, како туристичка агенција е специјализирана и за бизнис и туристички патувања и

Ви ги нудиме следните услуги:

– Авиобилети за сите дестинации во светот ;

– Хотелски резервации во Македонија и странство (incoming/outgoing)

– Rent a car

– Конгреси, Конференции, Семинари, Промоции

– Летувања, зимувања, екскурзии

– Јазично-едукативни курсеви во Англија, Франција, Германија, Шпанија, Куба

– Патувања во Европа, Азија, Африка, Америка, Австралија

– Внатрешен и меѓународен превоз на патници со сопствени автобуси

– Патнички асистенции, консултации и патнички осигурувања

– Сервисирање на нашите клиенти во Република Македонија преку визирање на патни исправи за повеќе земји како што се Јужноафриканска Република, Бразил, Индија, Венецуела, Тајланд, Јужна Кореја, Мароко, Канада и останати земји кои имаат дипломатски претставништва надвор од Македонија. Сервисирање за Македонска виза за странски државјани.

Пребарај понуди
img
img

Разгледајте ги нашите дестинации

Пребарај дестинации
img
Зошто Арботравел?

Еден работен ден - 3036 насмевки. Нашата мисија е едноставна: желба да се овозможи на што поголем број луѓе од целиот свет да одат на одмор, носејќи ги на нови дестинации, да донесеме насмевка на нивните лица. Тоа е работа , која ја извршуваме со големо задоволство.

img
Квалитет што инспирира

Клучот за остварување на нашата мисија е нашата постојана бескомпромисна потрага по квалитет. Благодарение на фактот што сме интегрирана туристичка групација која го нуди секој аспект на совршен одмор, од самиот почеток до крај, ние им овозможуваме на нашите клиенти да го уживаат највисокиот квалитет.

img
Фокусирање на потребите на нашите клиенти

Нашиот фокус е насочен кон желбите и потребите на клиентите и затоа ние сме тие кои постојано поставуваме нови стандарди во оваа индустрија. Нашиот тим постојано го следи пазарот, и ги анализира и истражува потребите и желбите на нашите целни (таргет) групи, за да можеме да создадеме совршени производи за нив.

img
Секогаш со нови идеи

Можностите во туризмот растат и стануваат се покомплексни, секојдневно се јавуваат нови предизвици. Сега, повеќе од кога и да било, менаџмент тимот на АРБОТРАБЕЛ тежнее кон развивање на нови концепти и идеи.

icon

Добијте ги последните новости и понуди

Претплатете се на нашиот билтен