1 денови
Групно патување
35 особи
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Напомена:
За реализација на ова патување потребен е минимум од 35 патници.
Патувањето ќе биде реализирано според сите протоколи на СЗО и со 75% исполнетост на автобусот
Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.
За резервација на патувањето потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за откажување на патувањето најмногу 3 дена пред поаѓање.
Состанок на групата пред Дрводекор во утринските часови и поаѓање кон подножјето на планината Руен, каде на 25 километри од Куманово, на десниот брег на Пчиња, се наоѓа селото Старо Нагоричане, каде се наоша најзначајно духовно богатство на селото, црквата Свети Великомаченик Георгиj од 11 век, која претставува прекрасен примерок од средновековната византиска архитектура. Овој средновековен храм се истакнува по својата импозантна голема (базиликална) градба, одлично зачуваниот фрескоживопис, камениот иконостас и положбата на иконите на него, како и ќелијата на македонскиот светител Прохор Пчињски во непосредната близина. Дeнeшнaтa црква билa пoдигнaтa нa остaтoцитe нa постар храм oд XI вeк, т.e. вo време нa владеењето нa визaнтиcкиoт императop Роман IV Диоген. За овој пoдaтoк дoзнaвaмe oд житиeтo зa монахот Прохор Пчињски, вo чија чест императорот ја пoдигнaл пpвoбитнaтa цpквa, нa местo кaдe Прохор гo зaпoчнaл cвојот иcпоснички живoт. Остaтoци oд пpвoбитнaтa цpквa видливи се вo вид нa гoлeми кaмeни блoкoви, вo виcинa oд oкoлy 4 мeтpи.Денешната црква која плени со нејзината убавина е обновена од страна на српскиот крал Стефан II Милутин во 1313 година што може да се забележи по камениот натпис кој е поставен на западната влезна врата во црквата.Кога се обновува црквата се возобновува и фрескоживописот во 1313 година, кој е работен од страна на најпознатите средновековни солунски зографи во Македонија, Михајло Астрапа и Евтихиј, кои ја цртале црквата 5 години и истата била насликана од темелот па сè до кровот.
Потоа се упатуваме кон Осоговскиот манастир. Во длабоката дабова шума на Осоговските планини, на само 3 километри од Крива Паланка се наоѓа прекрасниот манастир Св. Јоаким Осоговски. Датира од XI век, времето кога чудотворецот Јоаким Осоговски бил жив. Манастирот има своја богата историја и посебна убавина. Внатрешноста и тремовите се живописани од четворица македонски зографи. Најкарактеристична фреска е композицијата Евангелиска проповед на апостол Павле, каде кривопаланечката народна носија зрачи со својата убавина. Најстар објект е малата црква на “Рождеството на Пресвета Богорогдица”, градена во XIV век, врз темели од XI век, за која е карактеристичен византискиот стил. Го нарекуваат и ”Манастирски град” поради разиграноста и бројноста на придружните објекти како стариот конак, конак со висока фасада, владичкиот конак, конакот ”Плочница”, крстилница, мала меѓерница со трем, плевна со штала, казарница, лебарница, амбари за жито и ориз, писарница, новиот конак, конак на горно собориште, стар коначки комплекс “Бини”.
Пауза за освежување во ресторанот во склоп на конаците, и во попладневните часови заминување кон Скопје.
Copyright © 2022 All Rights Reserved. Powererd by Develephant