2 денови
Групно патување
40 особи
09-11 ЈУНИ 2023
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Дополнителни информации:
Во манастирот се влегува пристојно облечен: мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.
За реализација на ова патување потребно е минимум 35 патника.
За ова патување важат општите услови за патување на туристичката агенција АРБОТРАВЕЛ.
Состанок со групата во 20:45 часот. Заминување кон Црна Гoра во 21:00 часот (ноќно возење). Се патува преку Косово, Албанија, Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнувањето во манастирот Свети Василиј Острошки и сместување по желба на патниците во Горниот или Долниот конак. Факултативен разглед на околината каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му се пресечени рацете и е погубен од Турците во 1712 година. По желба искачување пешки или со локален минибус до Горниот Манастир. Поклонение на моштите на Светителот. Вечерната служба почнува во 17 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.
Факултативно – во недела наутро присуство на Литургијата во Горниот манастир, која вообичаено се одржува од 06:00 до 07:30. По завршувањето на Литургијата спуштање до Долниот конак. Тргнување кон Скопје. Патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Copyright © 2022 All Rights Reserved. Powererd by Develephant