4 денови
Групно патување
45 особи
Програма за патување 09.04-13.04.2026
5 дена / 3 ноќевањa
09.aприл (четврток) СКОПЈЕ – ПЕЛОПОНЕЗ, ГРЦИЈА
Состанок на групата во 18:30 часот. Поаѓање кон Грција во 19:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
10.aприл (петок) КСИЛОКАСТРО, ПЕЛОПОНЕЗ
Пристигнување во Ксилокастро, Пелопонез. Попатно разглед на Коринскиот Канал кој го поврзува Егејското и Јонското море и кратка пауза за одмор и фотографирање. Пристигннување во хотелот EVITA BLUE во Ксилокастро. Сместување во хотелот и индивидуален разглед и слободни активности во Ксилокастро. Вечера (посна). Ноќевање.
11.април (сабота) ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативна екскурзија на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна . Враќање во хотелот. Вечера (посна) од 19:30 до 21:00 или посета на црква и присуство на Велигденска литургија а по враќањето во хотелот од 00:30-02:00 вечера со традиционални јадења , (чорба Магерица) и црвени јајца. Ноќевање.
12.април (недела) КСИЛОКАСТРО, ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Слободно време за посета на црква на утринска литургија или слободни активности.
Свечен ручек во хотелот со музика и традиционално спремање на јагнешко месо во градината. Бесплатно узо и вино од 11:00 – 12:00 часот. Ручек: традиционални специјалитети и печено јагнешко месо на скара. Ноќевање.
13.април (понеделник) КСИЛОКАСТРО, ПЕЛОПОНЕЗ - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите во хотелот. Заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Цена на аранжманот: 230 € / 14.260,00 (мкд) за лице.
Можност за плаќање на рати.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел 4 * на база 3 полупансиони
- Велигденски ручек во хотелот
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 € (без вклучени влезници во локалитетите)
- Влезници за музеите и културно - историските споменици (околу 20 еур за локалитет – цените се променливи)
- Патничко здраствено осигуривање
- Туристичка такса 3€ по лице од ден
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и АРБОТРАВЕЛ
- Организатор на патувањето е T.A. АРБОТРАВЕЛ
Copyright © 2022 All Rights Reserved. Powererd by Develephant